-Јас нема да запрам со подавање на рака. Барам поддршка од сите и од секого.Подавам рака до сите граѓани на Скопје. Политичката определба на овие избори не треба да не дели. На овие избори бираме луѓе кои што треба да знаат како да се справат со проблемите кои што ги имаме и да понудат брзи и сигурни решенија, за како истите тие проблеми да се надминат. Ги повикувам скопјани, сите луѓе кои што го сакаат Скопје да ни се приклучат. Овој град ќе биде повторно и поубав и почист, ќе има ред и ќе биде модерен и современи, баш онаков каков што ни доликува, порача независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска на денешната промоција на програмата за претстојните локални избори.

Арсовска потенцираше дека на Скопје му е потребно менаџер и ќе понуди решенија за сите проблеми на скопјани, а не уште еден политичар.

-Оваа политичка кампања е предизвик за граѓаните, особено за оние кои не сме дел од политиката. За нас, луѓето, кои гледаме дека нашието Скопје не е ниту чист, ниту среден, ниту функционален град. Одлучив да се кандидирам за градоначалник, бидејќи длабоко верувам дека во овој момент на Скопје му е неопходен менаџер. На Скопје му е неопходна личност која ќе успее со своите знаења, вештини, компетенции да го направи нашиот град поубаво место за живеење, рече Арсовска.

Таа истакна:

-Скопје на овие избори нема да бира градоначалник затоа што му треба уште еден политичар повеќе или помалку. Верувам дека ќе бира градоначалник затоа што му треба човек менаџер, човек кој може да понуди, но и да реализира брзи и сигурни решенија, да придонесе за нашите огромните проблеми веќе да станат минато. Затоа често во своите обраќана сакам да кажамЈас не се кандидирам за политичар. Јас се кандидирам за менаџер на градот