Градоначалничката Данела Арсовска денеска оствари средба со Шефот на Делегација на Франција во Скопје, амбасадорот Сирил Бомгартнер и директорот на Регионалната Канцеларија на Француската агенција за развој, Доминик Ортберг.
На средбата присуствуваа и аташе за соработка Жулие Маравал и Камил Имберт, одговорна за проектот Smart Cities во Регионалната канцеларија на Француската агенција за развој.
На средбата се зборуваше за предизвиците кои го очекуваат Градот Скопје и за приоритетите на новото градско раководство во наредните четири години со цел креирање на подобар квалитет на живот за граѓаните, но и исполнување на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје.
Арсовска потенцираше дека како еден од поважните проекти кои се предвидени за реализација во наредните четири години е целосната дигитализација на Градот Скопје, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите кои ги засегаат граѓаните на ниво на градот.
Амбасадорот Бомгартнер посака успешна работа и проширување и продлабочување на соработката помеѓу Градот Скопје и Амбасадата на Франција во Скопје. Тој додаде дека се надеваат дека Град Скопје ќе продолжи да се развива во насока да стане почист и поеколошки град, град кој нуди подобри услуги и се стреми да прерасне во дигитален град.