Арсовски додаде дека имаше одредени состаноци во партијата кои што се случија веднаш по прес конференцијата на претседателот Мицкоски. До доцна во ноќта се сумираа резултати. Но, веќе денеска од раните утрински часови се отпочнува втората етапа за вториот изборен круг.

-Рековме ќе се радуваме, нема да славиме, потенцира Арсовски.

Арсовски посочи дека нема ништо драстично изменето согласно информациите кои што ги имаше партијата. Денеска треба само да се потврди победата на ВМРО-ДПМНЕ и на Тимчо Муцунски во Аеродром каде што 2:1 победува ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е некаде 10.000 гласа предност за ВМРО-ДПМНЕ. Денеска треба да се официјализира победата во Кисела Вода на Орце Ѓорѓиевски каде што исто резултатот е 2:1 и победува ВМРО-ДПМНЕ, некаде околу 14.500 гласа наспроти 7.500 за СДСМ. Треба исто така да се официјализираат и неколку други општини каде што победи ВМРО-ДПМНЕ.

-На советничките листи каде што е ВМРО-ДПМНЕ версус СДСМ во градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ води со можеби повеќе од 20.000 гласа, но сепак треба да почекаме за официјални резултати од ДИК. Во однос на кандидатите за градски татко или градска мајка како што пишуваа на социјалните мрежи, нашите информации говорат дека независниот кандидат подржан од ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Данела Арсовска е во водство пред кандидатот на СДСМ. Но, сепак да почекаме до официјализирање на резултатите од страна на ДИК, нагласи Арсовски.

Арсовски рече дека јасно и повеќе од јасно е кој ќе биде победник во вториот круг.

-Не чека многу работа, не чека оној довршеток на она кое што го започнавме од вчера и нормално не чека многу работа онаму каде што победивме за реализација на се она кое што го имавме ветено како проекти и како програма, укажа Арсовски.

Арсовски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ водеше позитивна кампања во текот на предизборието. ВМРО-ДПМНЕ излезе со понуда на чисти кадри. ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозна програма која што ќе биде остварена. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со истата стратегија.