Арсовски вели:
-Кандидирањето од СДСМ на Сашко Николов за градоначалник на Штип, за жал е плукање во лице на над 100 фамилии чии луѓе беа избркани од Баргала, која е семејна фирма на Сашко Николов. Ова е брутално исмевање во лице на овие напатени граѓани. Како изгледа владеењето на Сашко Николов во пракса, ќе ви објаснам многу накратко. Еве ќе направам споредба помеѓу неговото владеење и однос кон граѓаните во Штип и помеѓу владеењето на неговото семејство со фабриката Баргала и вработените во Баргала. Сите знаеме дека тој со неговата ароганција се пофали дека лично ги дизајнирал чевлите што сакал да му ги направат во Баргала, за откако ќе му ги направат напатените работници, потоа да видиме како се исплаќаат плати по 2 денари, за потоа да избркаат над 100-тина луѓе од работа и да не исплаќаат плати по 4 месеци на вработените, за што се отвори и стечајна постапка. Класично користење за личен интерес, па потоа бркање од работа 100 луѓе без плата кои остануваат на улица. Ова ме потсетува на 90-тите и приватизацијата. Ако вака се однесуваат со сопствем, личен, семеен имот, замислете како се однесуваат со имотот на граѓаните и со општината. Истиот принцип на владеење е и во општина Штип. Цели 10 месеци Сашко Николов се обидува да ги залаже граѓаните со минијатурни полупроекти, што не се ниту 10% од програмата што ја ветија во 2017 година, и она коешто тој самиот го ветуваше пред 10месеци, за потоа да ја направи општината приватен имот и да ги заборави граѓаните, односно да ги искористи за личен интерес, како што истото се случи со неговото семејство во Баргала
Тој додава дека за нереализираните проекти, потполно им е јасно на штипјани. Еден доктор кој цел живот живее во Штип, да не се заинтересира да се доправи клиниката во Штип, кој е универзитетски град, да нема една модерна клиника, покажува колку му е гајле за општина Штип и за штипјани. Дури ни гасификацијата која ја вети пред 10 месеци дека ќе ја отпочне за три месеци откако ќе биде избран, сеуште не е отпочната. Каналот за наводнување на Караорман кој го вети, сеуште нема абер да го отпочне.
-Да потсетиме дека од проектите од 2017 година нема ниту жичара до Исар, ниту аква парк Суитлак, од ветување за термоизолациони фасади на сите згради, нема ниту една зграда со термоизолациона фасада, ветената кино сала и картинг ги нема, од ветената сала за боречки вештини, нема ниту темели, а браната на река Отиња ветена за почеток на изградба пред 4 години, сеуште нема абер да се отпочне. За обиколницата околу Штип, за жал штипјани ќе почекаат уште неколку години. Ако продолжам да набројувам, ќе треба да набројувам до утре, но најубаво си знаат штипјани. За казна на штипјани, но и сите други граѓани од истокот, се местат патарини на новиот автопат кои ќе чинат 360 денари на релација Штип – Скопје – Штип. Сашко Николов не е опција за Штип и штипјани како градоначалник. Што порано се врати на претходната професија, толку подобро за градот и општината, истакнува Арсовски.