,,Заев имал менаџмент стил на концентрација на советници во кабинетот, додека Ковачевски изгледа дека сака тие функции да ги дистрибуира во рамки на ресорните институции“. Бројот на советници е вразан со прашањето колку премерот сака координацијата на проектите да се децентрализира, смета политичкиот аналитичар, Петар Арсовски.
Вели, секој Премиер сака да го подбри угледот на Влатата, а токму тоа го прави и Ковачевски.

Лидер: Премиерот Димитар Ковачевски ќе отпушти дел од советниците кои ги наследил од поранешниот премиер, Зоран Заев, а останатите ќе работат во области во кои се квалификувани, но не како советници. Ковачевски го ограничува бројот на советници, на 12. Дали ова е популистичка мерка на Премиерот или навситина нема потреба од 50-тина советници?

-Тоа е прашање на стратегија на секој Премиер одделно. Изборот е дали дел од таа функција ќе се извршува директно од кабинетот на Премиерот, или советите и координацијата на проектите од секоја област ќе се извршува од ресорното министерство. Очигледно е дека Заев имал менаџмент стил на концентрација на советници во кабинетот, додека Ковачевски изгледа дека сака тие функции да ги дистрибуира во рамки на ресорните институции. Во основа, тоа е прашање колку координацијата на проектите ќе се децентрализира.

Лидер: Дали владиниот кабинет, според вас може да функционира и без надворешни соработници/советници, со оглед на тоа дека советите за одредени области може да се добиваат од министерствата кои ја сочинуваат Владата?

-Владиниот кабинет е составен од сите министри. Премиерскиот кабинет е оној кој вработува советници, и да, тој, доколку се потпре повеќе на советите од ресорните министерства, може да функционира и со помал број советници.

Лидер: Во октомври 2020 година беше објавено дека во кабинетот на поранешниот премиер Заев се ангажирани 54 лица, од кои 23 советници, а според ВМРО-ДПМНЕ тоа ја чинеше државата 246 илјади евра годишно. СДСМ обвини дека во времето на Груевски, неговите советници чинеле 1,7 милиони евра годишно. Ваш став, дали ангажирањето на советници е само “исплата“ за нешто што е претходно ветено во четири очи?

-Неблагодарно е да претпоставуваме зошто некој премиер ангажирал советници, за тоа постојат надлежни институции кои треба да ги испитаат евентуалните злоупотреби. Поважно е дали советниците добро ја вршат својата работа и дали нивниот ангажман е оправдан. Ако некој советник на пример донесе неколку странски инвестиции и работни места, тогаш неговото место е оправдано. Но доколку некој е назначен за советник без реални резултати, тогаш таквата пракса треба да се испита и провери.

Лидер: Се обидува ли Ковачевски со својот тим да го подобри угледот на Владата?

-Сигурен сум дека секој премиер се обидува да го подобри угледот на владата и својот кабинет, па така и Ковачевски.

Лидер: Конечно, каков вид на советници му требаат на Премиерот?

-Советници кои ќе придонесат повеќе одошто ги чинат даночните обврзници, додава Арсовски.