Асад се заколна на верност кон Уставот и Куранот во присуство на повеќе од 600 гости, вклучувајќи министри, бизнисмени, универзитетски претставници и новинари.
Претседателските избори во Сирија се одржаа на 26 мај, а Асад освои 95,1 процент од гласовите.
Земјата веќе 10 години е во граѓанска војна во која загинаа речиси половина милион луѓе.