На прагот сме пред одржување на нови локални избори, за нови локални раководства а тие во собрание со нивните пратеници усогласуваат Закони за финасирање на општините, по навика ако нешто не е според планот или ќе се смени или усогласи Законот. Локалните власти четири години спијат, сега се будат пред избори, се будат пред нивните неисполнети ветувањ, а на виделина се гледаат само празните приказни, напиша Весна Атанасовска, претседател на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ – Велес.
Програмата за ,,Живот во Велес” остана книга непрочитана и нереализирана.
👉Велешани наместо катна гаража во центарот на градот, добија платен паркинг на истите стари улици. Пред да прават ред во сообраќајот за истите на своите граѓани треба да им создадат услови.
👉Трговскиот деловен објек “Градски саат” за кој исто така ја добија довербата од Велешани требаше до 2020 да биде реализиран проект и тој абер нема.
👉Надвозник од Младинскиот парк до спортската сала Гемиџии требаше пред две години да биде готов.
Капиталните инвестиции се научна фантастика за оваа Локална Власт, напиша Атанасовска.