Отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е диригирано од руско-српски тајни служби во Софија и Скопје. Тој клуб е регистиран во 2019 година, а направи промоција пред месец дена. Конструирано е затоа што во моментот кога актуелната германска МНР Аналена Бербок даде изјава дека во јуни се очекува Македонија да ги почне преговори со ЕУ, се направи тој настан за да предизивика такви реакции. Тие беа негативни во македонското општество, а во Софија имаше контра реакции дека не ги почитуваме правата на Бугарите, смета политикологот Благоја Атанасовски во емисијата „Само вистина“.
Според него, наместо последен обид за дипломатско решение, се случи тој настан, кој толку влошените односи ги испроблематириза и само одиме во надолна линија во нашите односи со провокативни изјави.
-Не можам да разберам како ние како држави во изминатите пет години, постојано слушаме од официјална Софија такви изјави. Сакаат да предизвикаат негативни реакции од нас за да после соопштуваат дека Бугарите се понижувани, вели Атанасовски.