Наместо лицето да добие втора доза по три до четири недели, во иднина ќе се дава по шестата недела.

Министерството за здравство соопшти дека се следи препораката на Националната комисија за вакцинација.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер вели дека на тој начин се добива време, односно две до три недели.

Според Националната комисија за вакцинација, ова може да заштити многу повеќе луѓе од тешкиот облик за заболување, бидејќи по три недели од приемот на првата доза може да се очекува одредена заштита.

Канцеларот Себастијан Курц вели дека со оваа мерка може да се забрза вакцинацијата, затоа што „сега е клучно секоја доза што ќе стигне во земјата да биде примена најефективно“.