На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.