Три лица се повредени откако автомобил влетал во угостителски објект во солунската населба Евосмос. Возачот, 45-годишен маж, бил уапсен откако алкотестирањето покажало дека управувал под дејство на алкохол, објави грчката ЕРТ, повикувајќи се на полицијата.
Според полициските информации, возачот изгубил контрола над автомобилот, излетал од коловозот и удрил во стаклениот излог на локалот.
Во несреќата биле повредени тројца гости, а угостителскиот објект претрпел материјална штета. Уапсениот возач ќе биде изведен пред надлежните правосудни органи.
