По одлуката на Врховниот Суд да се одбие барањето на Васил Јованов, за вонредно преиспитување на пресудата, на социјалните мрежи се огласи таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков.
„Аздисани убијци – ЗЛОТО во полна сила… Па уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна… Само 65% од максималната… Па што ли требаше друго да стори од она што веќе и го направи на Фросинче заедно со друштвото негово, за да добие максимална казна…
И 2% рејтинг многу Ви е…
Одговорност за криминалецот Судија Снежана Марковска, одговорност за Судиите од Апелациониот суд…
Одговорност за сето ЗЛО…
А ЗЛОТО гајле нема располага со сите криминали и сите криминални пари и судии да купат и наркодилери за убиство да ги спасуваат… До таму стигнавме и тоа ни е реалноста…
Сите недоветни да не прават…
ДО КОГА…
ОВА НЕ МОЖЕ, ВЕЌЕ НЕ СЕ ИЗДРЖУВА“, напиша Тодор Кулаков.
