Азески со поддршка за заложбата на Мицкоски
Претседателот на стопанската комора Бранко Азески се согласува за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“. Тој вели дека секогаш во интерес на бизнисот е парите да се трошат продуктивно, а ваквата изјава следува по првичната на Христијан Мицкоски за ревизија на спорниот договор.
Нови работни позиции за 4.000 лица
Азески информираше дека американско-турската компанија се нови членки на Комората. Тие беа тука да се зачленат, и додаде дека во разговорот беше спомнато дека во пикот на активностите ќе им требаат 4.000 луѓе, ќе бидат ангажирани на сите четири делници на кои ќе работат.
Работа во солгасност на законите
„Штом некој решил да дојде, значи дека има потреба за тоа. Ќе ги поддржиме, тие се значајни компании, меѓутоа, ако има проблеми во имплементацијата, ќе процениме каде и што е потребно да направиме. Главно, ќе бидат поддржани компаниите што работат во согласност со законите, ќе бидат санкционирани тие што не работат во согласност со законите и прават прекршоци“, нагласи првиот човек на комората, Бранко Азески.
Од ДУИ упатуваат прашања кон ВРЕДИ
Коалицијата предводена од ДУИ упати и прашање до коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, која во моментов е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка во идната влада, дали го дели истиот став со Христијан Мицкоски во однос на договорот со „Бехтел и Енка“, за кој рече дека треба или да се раскине или да се репреговара.
Азески со коментар и за задолжувањето на Мицкоски
Во врска со најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски за поволен заем од една милијарда евра, претседателот на Комората потенцира дека државата може да се задолжува, но парите треба да се искористат продуктивно.