Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција во Собранието изјави дека Владата не треба да инсистира со незнаење и политички инает, туку во иднина да ги слуша и да ги прифаќа конструктивните и корисни предлози за граѓаните.

-Овие 100 дена се уште 100 дена повеќе измама, 100 дена повеќе лаги, 100 дена измами и уште 100 дена изгубена надеж за граѓаните. Тие се уште 100 дена продлабочени во корупција, уште 100 дена продлабочени во скандали, 100 дена продлабочени повеќе во организираниот криминал, уште 100 дена продлабочени во судство продлабочена во неправдата, каде до 8 проценти е довербата во судскиот систем, што значи дека ниту семејствата на обвинителите и судиите не веруваат во судскиот систем во Македонија, кажа Азири за 100-те дена од работењето на владата.

Пратеникот упати прашање и до ДУИ и министерот за образование и наука Јетон Шаќири што се случило со нивното ветување дека во првите 100 дена платите во образованието ќе се зголемат на 600 евра.

-Децата изгубија две недели од образовниот процес, просветните работници беа измачени а и често беа анатемирани од Владата. Ја повикуваме Владата да не инсистира со незнаење и политички инаети, туку во иднина да ги слуша и да ги прифаќа конструктивните и корисни предлози за граѓаните, изјави Азири.