Првиот човек на Америка, Џо Бајден, е негативен на коронавирусот и наскоро ќе ја напушти изолацијата, соопшти Белата куќа.
Бајден пет дена е во изолација.
Претседателот на САД направи два антиген теста, еден во вторникот навечер и еден утрово, и двата теста беа негативни.
Бајден ќе носи маска во следните десет дена за да го спречи ширењето на вирусот и ќе ја зголеми фреквенцијата на тестирањата за откривање на можна повторна појава на вирус.