На прашањето дали дипломатскиот пристап на Бајден кон Северна Кореја би вклучувал и седнување на маса со Ким, како што тоа го стори неговиот претходник, претседателот Доналд Трамп, Псаки одговори: „Мислам дека овојпат пристапот ќе биде малку поразличен и тоа не е неговата намера“.
На првата прес-конференција во Белата куќа откако ја презеде функцијата, Бајден кажа дека неговото главно надворешно-политичко прашање е Северна Кореја.
Тој притоа кажа дека е подготвен за некаков вид дипломатија со оваа земја, но и дека таа мора да биде условена од резултатот со денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Пјонгјанг сака САД и другите земји да ги олеснат економските санкции воведени врз земјата поради нејзината програма за развој на нуклеарно оружје. Претставниците на новата американска администрација изјавија дека се обиделе да воспостават дипломатски контакт со Северна Кореја, но оттаму не добиле одговор.