Претходно во средата, предлогот беше усвоен од Претставничкиот дом на американскиот конгрес со 415 гласа „за“ и 14 „против“.
-Џунтинт, исто така, означува долга, тешка ропска ноќ и најава за посветло утро, рече Бајден во Белата куќа пред потпишувањето на законот, додавајќи дека тој ден е потсетник за „страшните последици од ропството во земјата“.
„Џунтинт“ го одбележува денот кога за последните робови во Америка, во 1865 година во Галвестон, Тексас, се вели дека се ослободени, две години по потпишувањето на Прокламацијата за еманципација за време на граѓанската војна, со што завршија 246 години ропство во САД. Голем број американски држави веќе го признале 19 јуни како празник, и тој ден е платен празник за вработените во државните управи во Тексас, Њујорк, Вирџинија и Вашингтон.