Американскиот претседател, кој не се огласи за најголемата криза во неговиот досегашен мандат, го напушти одморалиштето Камп Дејвид каде требаше да остане до средата. Во Белата куќа требаше да стигне во 19 часот по средноевропско време.

Неочекувано брзиот пад на авганистанската влада, влезот на талибанците во Кабул, хаотичните сцени од тамошниот аеродром, но и критиките на домашната политичка сцена, не му оставија на Бајден можност да го одложи обраќањето до јавноста.

За Авганистан последен пат зборуваше минатиот вторник кога ја бранеше својата одлука да ги повлече американските трупи и изрази сигурност дека тамошната војска има сила да се обрати од талибанците.

Но наместо уредно повлекување, за кое имаше поддршка од јавноста, целиот процес се претвори во понижувачки американски дебакл.