Тој во гостувањето на ТВ 24 рече дека ваквата пракса секогаш се повторува пред избори.
-Дури и без таа да е намерата. Објективно, не е во ред бидејќи добро треба да се поткрепи кои категории, односно на јавноста мора да и е јасно што се постигнува со тоа. И затоа пред секои избори се повторуваат ваквите работи што според мене, едноставно, значи поткуп. Ништо друго, рече Бајрами.