Тој меѓудругото обвини дека Рама ја уништил демократијата и оти наместо во собраниската сала требало да биде пред лицето на правдата.
– Албанската демократија не е во криза, таа е мртва. Умре во нејзините главни столбови. Во нејзината основа се слободните избори. Албанската демократија е убиена. Прстот може да биде вперен кон многумина од нас во оваа просторија, или кон оние кои не се, но единствениот егзекутор е Рама. Да не беше така, да не беше погубена демократијата, овој човек немаше да биде тука денес, раскажувајќи приказни за она што не би го направил за во иднина, туку ќе се занимаваше со своите бранители, ќе се занимава со правдата, рече Баша.
Обвини дека доколку изборите не биле погодени, „никој со неговиот црн биланс немаше да има шанса да оди на говорница, ниту да биде во оваа сала“.
– За да го поткрепам сомнежот, дозволете ми да направам обдукција на трупот на оваа влада. Започнуваме со Светска банка, според која, Албанија има највисоко ниво на сиромаштија на Балканот, продолжуваме со Евростат, според кој Албанија е последна земја во Европа, Албанците имаат најниска плата и најниска индивидуална потрошувачка. Доаѓаат и бројките за масовниот егзодус на Албанците. Ова е реалноста. Наместо да ја спуштите главата и да се извинувате, немате ни тронка срам па се удирате во гради. Албанија од Стејт департментот се смета за најкорумпирана земја. Светската банка ве рангираше на второ место во светот, во однос на мито и корупција, за бројки трипати повисоки од 2013 година. Вие сте на сивата листа Манивал, за една од вашите специјалности – перење пари, продолжи со обвинувањата Баша.
Рама од своја страна, по влегувањето во сала рече дека нема никаква уставна обврска да биде во собраниската сала.
– Не злоупотребувај, те молам, не злоупотребувај, за моја среќа, што е различна од твојата, имам многу должности. Ова е организирам срам. Тука се пратениците, министрите, ако забележивте дека никој од место не интервенира, никој од место извикува. Заминавте од парламентот две години и ние не ја блокиравме работата за да побараме да се вратите, рече меѓу другото Рама.
Се ушќте е во тек седницата, што почна во 10 часот со презентација на владината програма од страна на Рама, како и програмата за работа на секој од предложените министри поеднечно.