Беким Незири не учествувал во инцидентот во Македонска навигација и немал апсолутно никаков придонес во случајот, целиот настан се случил зад неговиот грб, вели неговиот адвокат Еленко Миланов.
Според Миланов, не е точно дека инцидентот се случил во кулата за контрола на летање, ниту пак дека биле нападнати контролори кои во моментот работеле.
„Во овој настан ниту има нешто што се случило во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту, пак, со лице коешто во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи оваа фама и разногласие“, изјави Миланов од пред Кривичниот суд.
Тој објасни дека со денешното појавување пред судот, Незири покажува дека нема намера да бега, туку дека сака да докаже што точно се случило во М-НАВ.