– Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе. Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници, дополнува докторот.
Да се лежи од 23 март во приватна болница од "превентивни причини" е одраз на "христијанска скромност" на нашите…
Posted by Bekjarovski Niko on Sunday, April 11, 2021
Владиката Петар посочи дека не е на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации.
Сега се чувствува добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома.
Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.