Сепак тој појасни дека веќе нема финансиски можности да поддржува некоја од партиите.

– Ниту ми пристапиле од опозицијата, ниту пак очекувам дека ќе ми пристапат од причина што гледам дека едно нешто и двете партии се бранат. Ако бившата Влада со бомбите колку се докажани не знаеме бидејќи нема некој финален сенс за мерцедесот. Катица е во домашен притвор, Мијалков го осудија, бомби имаше. Практикувањето на власта е денеска максимално зголемување на буџетот и носењето на буџетот, тоа е прва и најосновна работа на којашто оваа Влада инсистираше, носење на поголем буџет. Знаејќи дека буџетот не можеме со сопствени средства да го наполниме, немаме економија, пандемија е, максимално задолжување  надвор. Задолжувањето кое ќе го плаќаме ние и вие, дури и незачнати генерации бидејќи се нема домаќинлук. Домаќинлукот е основата за една држава, рече Костовски.

Според него, во време на пандемија во државата има изживување.