Тој образложи дека целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

-Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт. Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид“, објави министерот и додаде дека Министерството за економија секогаш е за поддршка на секторот, но очекува разбирање и соработка со цел надминување на оваа ситуација, порача Бектеши.

Со одлука на Владата, почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители. Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година.