Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика увозниците на зеленчук и овошје да не се кријат и да дојдат на состанок во Владата, за да ги соочат аргументите за огромните разлики во увозните и малопродажните цени.
-Мислиме дека има многу аномалии. Ги повикувам увозниците на овојше и зеленчук да не бегаат од средби заедно со претставниците од стопанските комори, бидејќи кај нас законите ќе се почитуваат до крај. Има голема разлика од увозните цени до 28 март и од 28 март до денес затоа да се мислат добро и увозниците и надлежните институции – рече Бектеши.
За вечерва во Владата е закажан состанок со претставници на бизнисот, УЈП, Финансовата полиција, ДПИ и Царината. Од Владата велат дека целта на средбата е да се елиминираат аномалиите кои се појавија по владината одлука за замрнување на цените на овојшето и зеленчукот.
Бектеши се закани дека лично ќе ги објави „забележаните аномалии во спроведувањето на владината одлука“ и ги загатна шемите со двојните фактури на увозните производи.