Организмот реагира побрзо отколку што повеќето луѓе очекуваат
Организмот почнува да покажува знаци на опоравување многу брзо по прекинот на консумација на алкохол. Експертите наведуваат дека првите промени не се случуваат по месеци, туку можат да се забележат веќе по неколку дена.
Иако многумина сметаат дека повремено пиење нема сериозно влијание, телото реагира веднаш штом алкохолот се исфрли од секојдневните навики.
Сон, енергија и секојдневно функционирање
Една од првите промени е подобрувањето на квалитетот на спиењето. Алкохолот може да помогне за побрзо заспивање, но го нарушува длабокиот сон, поради што често следува замор по будење.
По период без алкохол, сонот станува постабилен, а енергијата во текот на денот се зголемува. Многу луѓе пријавуваат чувство на полесно будење и подобра концентрација веќе по неколку дена до десетина дена.
Црн дроб, расположение и телесна тежина
Најизразени промени се случуваат во црниот дроб, кој најмногу го оптоварува алкохолот. По околу еден месец без алкохол започнува поинтензивен процес на регенерација и подобрување на неговата функција. Дополнително се подобрува варењето, се намалува надуеноста, а кај дел од луѓето се забележува и почиста кожа.
Алкохолот влијае и на хормоните поврзани со стрес и анксиозност, па неговото отстранување придонесува за постабилно расположение и подобра ментална јасност. Поради намален внес на калории и апетит, можно е и намалување на телесната тежина без посебни диети.
