Македонија ја очекува претежно сончево и топло време со температури до 34 степени, но метеоролозите предупредуваат дека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а најтопло ќе биде во Гевгелија каде температурата ќе достигне до 34 степени. Најсвежо ќе биде во Маврово со максимални 23 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а попладне постојат услови за локално невреме. Температурата во главниот град ќе се движи од 16 до 34 степени.

Слично време ќе продолжи и во наредните денови – претежно сончево и топло, со повремена нестабилност во попладневните часови.

Во четврток повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, додека температурите ќе се движат од 23 до 32 степени.

Според прогнозата на УХМР, и во петок ќе има сончево и топло време, но со можност за изолирани поројни врнежи и грмежи во попладневните часови, а температурите ќе достигнат до 30 степени.