Кремљ соопшти дека сè уште нема напредок во позициите на Киев во пресрет на новата рунда разговори за Украина, изјави портпаролот Дмитриј Песков. Тој додаде дека дополнителни детали ќе бидат објавени кога ќе се договорат датумот и локацијата на средбата.
Украина претходно најави дека разговорите би можеле да започнат на почетокот на март во Абу Даби. Главниот преговарач на Киев, Рустем Умеров, вчера во Женева се сретнал со американскиот претставник Стив Виткоф, додека рускиот претставник Кирил Дмитриев имал одделни средби со Виткоф и со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според Песков, разговорите се фокусирале и на можните идни економски односи меѓу Русија и САД. Дмитриев го информирал рускиот претседател Владимир Путин за средбите, а Кремљ најави дека јавноста ќе биде известена доколку има конкретни резултати.
