Поради закажани технички зафати денеска без електрична енергија во одредени временски периоди ќе бидат делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека од 8 до 13:30 часот без струја ќе биде зградата број 37 на булеварот „Партизански Одреди”.
Од 9 до 12 часот без струја ќе биде дел од улицата „Генерал Михајло Апостолски”, а од 9 до 15 часот жителите од улиците „Пандил Шишков”, „Коста Новаковиќ” и дел од булеварот „Трета македонска бригада” околу крстосницата со улицата „Коста Новаковиќ” во општина Аеродром.
Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат и корисниците од улиците „Мариовска”, „Мегленска” и „Милан Мијалковиќ” во општина Кисела Вода.