Без струја утре ќе останат корисниците на дел од општините Карпош и Сопиште, а прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улицата „Партениј Зографски“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија од 9 до 12 часот ќе бидат дел од улиците „Козле“, „Миле Поп Јорданов“ и „Стогово“ ; од 10 до 13 часот улицата „Јуриј Гагарин“ бр.28-6; од 8 до 12 часот, корисниците од дел од улица „Црвена Вода“ во Општина Карпош и од 8 до 11:30 часот, дел од село Добри Дол во Општина Сопиште.

Поради уличен дефект ф-80 мм на улицата „Партениј Зографски“ 62 , без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.