Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека без струја утре од 07:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Христо Татарчев бр. 7, 16, 18, 20 и 22, како и дел од ул. Вера Јоциќ и дел од ул. Тодор Паница, во општина Кисела Вода.

Од 07:00 до 15:30 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од од ул. Кемал Ататурк, ул. Цветан Димов бр.139, 144, 147, 153 и 155 како и дел од улица Џон Кенеди, (зградите спроти Веро), во општина Чаир.

Во општина Карпош без електрична енергија од 08:30 до 11:30 часот, ќе бидат корисниците од дел од нас. Злокуќани., а од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од стопанските објекти во кругот на поранешната фабрика – Стаклара, во општина Кисела Вода.

Во општина Студеничани од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. 1 и ул. 3.

Корисниците од ул. Мишко Михајловски бр.12, 17 и 21 во општина Кисела Вода, без вода ќе бидат од 09:00 до 15:00 часот.