Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против двајца мажи на возраст од 37 и 31 година поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, на 25 декември 2025 година, на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници извршиле личен преглед над 31-годишниот Н.С. од село Воиславци, Радовишко, при што пронашле и одзеле марихуана.
Со преземените оперативни активности на терен било утврдено дека тој дрогата претходно ја набавил од 37-годишниот С.З. од село Муртино, Струмичко.
Против двете пријавени лица е поднесена соодветна кривична пријава според член 215 од Кривичниот законик.
