Производствениот капацитет треба да се зголеми благодарение на оптимизацијата на производствениот процес, проширувањето на производствената мрежа и одобрувањето да се добијат шест дози вакцина од едно шише, објасни компанијата во соопштението.

Заедно со својот партнер, до 23 март доставија повеќе од 200 милиони дози ширум светот.

Минатонеделната хомологација на нова фабрика во јужна Германија, во Марбург, треба да придонесе за зголемување на капацитетот. Фабриката во Марбург, на околу сто километри од Франкфурт, е втора фабрика што произведува вакцини на „Бионтек/Фајзер“ во Европа, по онаа во Пурс, Белгија.

– Вакцината, прва одобрена во САД и Европската унија, сега се користи во повеќе од 65 земји и територии. Веќе ги забележуваме првите знаци на пад на случаи со Ковида-19 и смртност во повеќе земји, изјави Угур Сахин, директор и коосновач на компанијата, со седиште во Мајнц, во западна Германија.

Тој додаде дека лабораторијата сега се фокусира на варијанти на вируси и дополнителни клинички испитувања.

– Во март започна тестирање на вакцината кај деца на возраст од 6 месеци до 12 години. „Бионтек“ има нарачки за испорака на 1,4 милијарди дози оваа година и очекува побарувачката да се зголеми, се вели во соопштението.

Германско-американската компанија има три производствени капацитети во САД.

Европската агенција за лекови (ЕМА) неодамна одобри складирање на вакцината на температура во замрзнувач, која е повисока отколку што претходно беше потребно, што ја олеснува нејзината дистрибуција.