Заменик-претседателот на Владата на Република  Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе присуствува и ќе се обрати на Бизнис форум со Стопански комори на Република Македонија и Република Хрватска.

Бизнис форумот го организира Хрватската стопанска комора, а ќе учествуваат и претставници од Македонските стопански комори, меѓу кои и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и претседателот на Стопанската комора на северно-западна Македонија Неби Хоџа, како и голем број на компании од двете земји.

Од кабинетот на Заменик-претседателот на Владата информираат дека во рамки на Бизнис форумот, вицепремиерот Битиќи ќе оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура Олег Бутковиќ.