– Правевме одредени анализи кои укажуваат дека товарот на евентуалното купување и одржување на возило е речиси двојно поголем отколку оперативен лизинг. Лично сум еден од корисниците на лизинг во изминатите 12 години, но има разлика кај физички и правни лица. Поволностите за правните лица се многу поголеми, се борам и сум се борел во минатото и за физичките лица да бидат исти, изјави Битиќи во одговор на новинарско прашање пред промоцијата на проектот „Национална платформа за женско претриемништво“.

Тој посочи дека кога носи одлука за себе и за неговиот личен буџет, се води од принципите на ефикасност на средствата кои ги троши, неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство.

– Сметам дека таквите параметри и сега беа водечки во одлуката Владата да набави нови возила преку оперативен лизинг, истакна Битиќи.