Државниот секретар на САД Ентони Блинкен во интервју за мрежата Си-Би-Ес изјави дека Кина од неодамна се однесува „поагресивно во странство“ и дејствува „се повеќе непријателски“.
На прашањето дали Вашингтон е на пат кон воена конфронтација со Пекинг, Блинкен рече дека „би било целосно спротивно на интересите и на Кина и на САД, да се дојде до таа точка, па дури и да се движи во таа насока“. Според него, Кина во последните неколку години се однесува „порепресивно дома и поагресивно во странство“.
Објаснувајќи што се крие зад случајот со кражба од страна на Кина на американски деловни тајни и интелектуална сопственост вредни стотици милијарди долари, Блинкен рече дека администрацијата на Бајден е „навистина загрижена“ за кражбата на интелектуалната сопственост.
Кинеската Амбасада во Вашингтон не одговори на барањето да го коментира интервјуто на Блинкен за Си-Би-Ес.