-Денешната средба беше од огромно значење за да ги промовираме можностите за вложување и на двете земји, разговаравме и околу инвестицискиот циклус во делот на инфраструктурата. Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани германски компании да вложат во нашата земја и да се вклучат во изградба на инфраструктурните проекти, истакна Бочварски.

Од Министерството за транспорт соопштија дека министерот Бочварски и заменик-амбасадорот Ото Граф најавиле заедничка заложба за продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.