Познатиот Инстаграм инфлуенсер Никола Николовски кој пишува под псевдонимот Боемот овој пат напиша околу тековната распределба на грантови која според него е нерамномерна. Во текот кој го објави на Инстаграм тој посочува примери според кои се гледа дека распределбата има партиска позадина, а со истата не се поддржани проекти од национален интерес.
Целиот текст го пренесуваме во продолжение.
Министерка за (не)култура
Веќе неколку дена следам што се случува со доделувањето грантови од министерката Бисера Костадиновска Стојчевска и не ми се верува. Типична партизација на ова министерство и голема НЕРАМНОМЕРНА РАСПРЕДЕЛБА.
– Просекот по проект во однос на минатата година е намален за цели 47.000 денари (просекот по проект во 2022 година е 137.151 денар, а во 2023 г. е 90.103 денари), издавачите не можат да покријат ни 30% од проектот
– Се доведува до прашање дали ќе се одржи Саемот на книгата
– Човекот чии дела се признаени во цела Европа, Петар Андоновски не е признаен тука во Македонија, одбиен е неговиот повик за новиот роман.
– За фестивалот Макфест доделени се само 6.500 евра, а за овој проект десетици пати повеќе. (Само за споредба доделени се 16.000 евра за организирање на албански фестивал)
– Детскиот фестивал Златно Славејче кој постои од 1971 година од министерство за култура добива само 204.000 денари.
– Министерството за култура одби поддршка за традиционалниот Илинденски марш кој тргнува од Лисиче секоја година
– Министерството за култура одобрува само 6% од потребните средства за обнова на спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.
Ова се само дел од проектите кои се одбиени или дадено им е многу помалку од потребното. Немам место да напишам за сите!
Истовремено, дотична Цветанка Ласкова кој е блиска до СДСМ од истата министерка Бисера добива 300.000 денари за проектот „50 години јубилеј – Цветанка Ласкова“
Пробувате да го уништите и тоа малку национално чувство ни остана. Казна на избори за вас е најмала казна. Потребна е итна реакција и прераспределба на средствата!
Боемот 2.0
View this post on Instagram