Обвинителката Ивана Трајчева е упорна да не дозволи Стикот на Бојан Јовановски да биде изведен како доказ. Таа смета дека во него нема нови околности кои би биле значајни за самиот процес.
-Ова барање има за цел да го одолговлечи самиот процес-смета Обвинителката.
Трајчева објасни дека во УСБ има пет фолдери и во нив не е спорно дека има комуникација меѓу Јовановски со Јованка Пухар, Стефан Богоев,Петровска и со Зоран Заев. Во однос на изјавата на Заев, Трајчева смета дека исто така не треба да биде изведена бидејќи се планирала да го реализира но не и дека го остварила.
На тоа не се согласи адвокатот Дукоски кој смета изјавата на Заев е дадена на почетокот на реализацијата на проектот и оти премиерот верувал и го поддржувал.
Боки објасни дека разговорите се од анализираниот негов телефон и оти секоја фотографија, изјава и снимка е од суштинско значење.
-Доколку се анализира изјавата на Заев ќе се види дека тој има средба со мене. тоа е изговорено од негова уста.Тој и останатите често знаат да ги извртуваат работите и да ги менуваат изјавите и затоа треба да биде дозволено како доказ. Овде измамените се ставени на обвинителна клупа како измамени-рече Јовановски.