Над 70 тони вода се исфрлени од двата полициски хеликоптери во околината на Блаце, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Во рамки на денешните активности на полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптери на единицата за полициски намени Бел 412 и Агуста бел 212 што се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце, во 55 налети исфрлени се повеќе од 70 тони вода – појаснија од Министерството за внатрешни работи.