Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов смета дека не е формирана редовна влада во Бугарија со цел да се исполнат „валканите наредби“ на Бугарската социјалистичка партија и придружбата на претседателот Румен Радев.
Лидерот на ГЕРБ се приклучи во живо на Фејсбук од средба со претставници на неговата партија.
Информацијата за прислушувањето на 32 опозициски политичари дојде од подпретседателот на „Демократска Бугарија“ Атанас Атанасов, а вршителот на должност министер за внатрешни работи Бојко Рашков потврди дека Државната агенција за национална безбедност извршила такво прислушување и ги избришала доказите.
Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова повика на откривање на сите факти за прислушувањето. Бојко Борисов истакна дека ГЕРБ е „исклучително загрижен“ за одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 11 јули.