Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов поднел и изјава до Централната изборна комисија на Бугарија дека се повлекува од своето пратеничко место.

Ова е трето Народно собрание во кое Бојко Борисов одбива да биде пратеник.

Мотивите за ваквата одлука се уште не ги кажува ниту Борисов ниту неговите соработници од ГЕРБ, појаснува дописникот на МИА од Софија.