Шеесет и двегодишен маж од село во Демиркаписко бил лишен од слобода откако неговиот 56-годишен брат пријавил дека бил физички нападнат со дрвен предмет. Подоцна и приведениот пријавил дека неговиот брат физички го нападнал.

Полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Т.Ц. (62) на 4 септември 2026 година во 21:15 часот, постапувајќи по претходно поднесената пријава од неговиот брат.

По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.