Речиси 1.000 лица се приведени за време на масовните протести во Франција, а две златарници беа цел на грабеж во Марсеј. Информациите ги соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, давајќи пресек за безбедносната состојба на теренот.
Францускиот министер изјави дека до 19:30 часот речиси 1.000 лица биле лишени од слобода низ целата земја и упати предупредување дека конечната бројка би можела дополнително да порасне во текот на ноќта.
„За споредба, во исто време за време на протестите на 17 октомври имаше 385 апсења“, рече Нуњез.
Овие податоци ги пренесе телевизијата БФМ, укажувајќи на сериозната ескалација на тензиите и значително поголемиот број полициски интервенции во споредба со претходните собири во француските градови.
