-Тоа ќе биде апликација за НХС што луѓето ја користат кога сакаат да закажат термин за преглед и ќе се користи на меѓународно ниво. Соработуваме со партнерите апликацијата да биде меѓународно признаена, посочи Шапс.

Тој најави дека за тоа ќе се разговара на престојниот состанок на Г-7.

Шапс наведе и дека можно е по 17 мај да им бидат дозволени несуштинските патувања на граѓаните на Велика Британија.

Велика Британија го одреди 17 мај како најран датум кога, по зимското заклучување, може да се дозволи меѓународно патување од несуштински причини.