Британската Влада не исклучува воведување данок на неочекуваните приходи за нафтените и гасните компании доколку компаниите не го инвестираат профитот во зголемување на капацитетот, изјави денеска секретарот за финансии Сајмон Кларк.
Запрашан за можноста за таков данок, Кларк изјави за Скај њуз: „Сигурно не го исклучуваме тоа“.
Windfall tax – неочекуваниот данок е данок што го наплаќаат владите за одредени индустрии, кога економските услови дозволуваат тие индустрии да остваруваат натпросечен профит.
– Индустријата треба јасно и гласно да ја слушне пораката. Доколку не реинвестираат профит, не можеме да исклучиме таков потег, рече тој.