Одлуката на властите во Лондон значи дека култниот стадион ќе може да биде исполнет до 75 отсто од капацитетот за самата завршницата на Европското првенство.

Сите кои ќе се најдат на Вембли за двете полуфиналиња и натпреварот за европската титула ќе мораат да имаат негативен тест на коронавирус или потврда дека примиле две дози вакцина против Ковод-19 најмалку две недели пред датумот на одржување на натпреварот што ќе дојдат да го проследат.

За натпреврите од групната фаза, како и осминафиналниот натпревар меѓу Италија и Австрија, закажан за 26 јуни, капацитетот на Вембли е редуциран до 22.500 гледачи.

УЕФА експресно ја поздрави одлуката на британските власти, нарекувајќи ја „прекрасна вест“.

– Овој турнир стана трошка на надеж и показател за луѓето дека полека се враќаме во нормален начин на живот, а оваа одлука е уште еден чекор на тој пат, изјави попладнево претседателот на УЕФА Александар Чеферин