Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека нејзиниот главен заклучок за седницата на Собранието за Косово и Метохија е дека и оние кои го сакаат и оние што не го сакаат Александар Вучиќ, се молат на Бога тој да продолжи да ја води државата што подолго и дека опозицијата е заинтересирана само да дојде на власт.

„Кога ќе ја споредите неговата сериозност во пристапот кон тешките проблеми на нашата земја и опозицијата, јас сум бескрајно горда што тој е претседател на мојата земја и што е мој шеф. Видовме државник кој ги брани интересите на државата на секој начин и не крие ништо заради евтини политички поени“, рече Брнабиќ на гостуваето на ТВ Прва.

Од друга страна, вели тој, опозицијата се грижи само за евтини политички поени и нема тема која и е важна, вклучително и Косово и Метохија.