Бројот на загинатите во терористичкиот напад во Русија сега достигна 115 лица, покажуваат официјалните податоци на Истражниот комитет на Русија.

Податоците се ажурираат откако, според соопштението на СКР, на местото на нападот во концертната сала Крокус Сити Хол се пронајдени уште тела.

Во соопштението од утринава се потврдија информациите од очевидци дека „терористите употребиле лесно запалива течност за да ги запалат просториите на концертната сала каде имало гледачи, меѓу кои и повредени“.

Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов веќе предупреди дека бројот на жртви може значително да се зголеми. Утрото имаше 60, до пред малку 93, а сега веќе бројката е троцифрена.