Операцијата за попишување на граѓаните до сега трае цели 25 дена, а како што наведуваат во соопштението од ДЗС, 143 755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.

Иако наведуваат дека бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст, треба да се забележи дека во претходните седмици, имаше денови кога на ден се попишуваа и над 20.000 лица, вчера беа попишани 7.102 граѓани од дијаспората, за денеска тој број дополнително да опадне.

– Ги повикуваме сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право, а сè со цел да покажеме колку сме и каде сме и што татковината може да направи за нив, се вели во пораката во која ДЗС ги повикува македонските иселеници да се попишат.